Прескокни до содржината

Ран пристап — бесплатно за секоја фирма

Фактурирањето, конечно едноставно.

Издавајте, потпишувајте и испраќајте е-фактури до УЈП.

  • Без платежна картичка
  • Податоци од УЈП
  • Три јазици
Производ наSynadra

Можности

Сè за е‑фактурите, на едно место

  • Сите видови документи

    Фактури, авансни, книжни одобренија, испратници и сторно.

  • Директно до УЈП

    Потпишете, испратете и следете го статусот.

  • Примени фактури

    Прифатете или одбијте и поднесете одбивка на ДДВ.

  • Клиенти по ЕДБ

    Внесете ЕДБ — податоците стигнуваат од УЈП.

  • Производи и услуги

    Цени, единици и ДДВ, подготвени за секоја фактура.

  • PDF на три јазици

    Македонски, англиски или албански, со QR код.

  • Увоз од е-Фактура

    Донесете ги фактурите што веќе сте ги издале.

  • Девизни фактури

    Евра и други валути, со курс од УЈП.

  • Повеќе фирми и тим

    Поканете колеги или сметководител, секој со улога.

Сметководител сте? Видете како работи за вашите клиенти

Чекори

Прва е‑фактура во четири чекори

  1. 1. Отворете сметка

    Со е-пошта или Google сметка.

  2. 2. Додадете ја фирмата

    Само ЕДБ — останатото од УЈП.

  3. 3. Поврзете се со УЈП

    еУЈП корисник и дигитален сертификат.

  4. 4. Испратете фактура

    Пополнете, потпишете и испратете.

Потребно за УЈП:

  • ЕДБ на фирмата
  • еУЈП корисник со е-Фактура
  • Сертификат регистриран во УЈП

Пример — фирмите и износите се измислени.

Ран пристап

Бесплатно за сите

Брза Фактура е во ран пристап. Сè што има во апликацијата е бесплатно за секоја фирма и не бараме платежна картичка.

Брза Фактура

0ден./ месечно

Сè што има во апликацијата, за секоја фирма што ќе ја додадете.

Започни бесплатно

Не е потребна платежна картичка

Сè е вклучено

  • Сите видови документи
  • Директно до УЈП
  • Примени фактури
  • Клиенти по ЕДБ
  • Производи и услуги
  • PDF на три јазици
  • Увоз од е-Фактура
  • Девизни фактури
  • Повеќе фирми и тим
  • Македонски, албански и англиски
  • Помош по е-пошта

Повеќе за цената

Безбедност

Вашите податоци се заштитени

Повеќе за безбедноста
  • Шифрирана врска

    Целата комуникација оди преку HTTPS.

  • Заштитени лозинки

    Чуваме само Argon2 хаш, никогаш лозинка.

  • Шифриран сертификат

    Прикачениот сертификат и лозинката се шифрирани.

  • Клучот останува кај вас

    Со USB токен, приватниот клуч не го напушта токенот.

  • Секое барање е потпишано

    Секое барање до УЈП се потпишува со вашиот сертификат.

  • Потпишуваат само овластени

    Сопственик, администратор и сметководител.

Прашања

Често поставувани прашања

Што ми треба за да почнам?

За регистрација е доволна е-пошта или Google сметка. За испраќање фактури до УЈП ви требаат даночниот број на фирмата, корисник во еУЈП со привилегии за е-Фактура и дигитален сертификат регистриран во УЈП.

Дали Брза Фактура е дел од УЈП?

Не. Брза Фактура е производ на Synadra. Таа се поврзува со официјалниот систем е-Фактура на УЈП и ги испраќа документите во име на вашата фирма, со вашиот сертификат.

Дали Брза Фактура го заменува сметководството?

Не. Брза Фактура служи за издавање, примање и испраќање е-фактури. Книговодството и даночните пријави и понатаму ги води вашиот сметководител — кого може да го поканите во апликацијата.

Може ли да ги увезам фактурите што веќе ги издадов?

Да. Фактурите издадени во е-Фактура ги увезувате месец по месец од поставките на фирмата, а купувачите се додаваат како клиенти.

Може ли да работам за повеќе фирми?

Да. Една сметка може да има повеќе фирми, а меѓу нив се префрлате од менито. Ова е корисно и за сметководителите.

Кој од тимот може да испраќа фактури до УЈП?

Колегите ги каните со линк или код и им давате улога. Да потпишуваат и испраќаат до УЈП можат само сопственикот, администраторот и сметководителот.

На кои јазици е достапна апликацијата?

На македонски, англиски и албански. На истите три јазици може да ја преземете и фактурата како PDF.

Брза Фактура

Започнете денес. Бесплатно е.

Отворете сметка, додадете ја фирмата и поврзете се со УЈП.

Веќе имате сметка? Најави се